Онлајн обуки за
сајбер безбедност
Бесплатни курсеви од MKD-CIRT за граѓани, јавна администрација и компании — со практични квизови и сертификат по завршување.
Обуки
Изберете обука за вас
Сите обуки се бесплатни, се следат со сопствено темпо и завршуваат со квиз и сертификат.
Како функционира
Три чекори до сертификат
Регистрирајте се
Создадете бесплатна сметка со е-пошта. Најавата е заштитена со два фактори.
Завршете ја обуката
Следете ги лекциите со сопствено темпо и решете го завршниот квиз.
Добијте сертификат
Сертификатот има единствен ID код што секој може да го провери на овој портал.
Верификација
Проверете валидност на сертификат
Внесете го ID кодот од сертификатот. Ако не се прикажат податоци, сертификатот не постои во базата на MKD-CIRT или кодот е погрешно внесен.
ID на сертификат - Провери
Ч.П.П.
Често поставувани прашања
Одговори на најчестите прашања за обуките, регистрацијата и сертификатите.
Нашиот тим ќе ви одговори во најкраток можен рок.
Контактирајте нè01За кого се наменети обуките за сајбер безбедност?
Обуките се наменети за сите кои користат компјутери, мобилни уреди или се поврзани на интернет, вклучувајќи поединци, професионалци и компании кои сакаат да ги заштитат своите дигитални информации.
02Што ќе научам на овие обуки?
Ќе стекнете знаења за основните концепти на сајбер безбедноста, препознавање и спречување на сајбер закани, управување со безбедносни протоколи и примена на најдобри практики за заштита на информациите.
03Дали е потребно претходно искуство?
Некои обуки се дизајнирани за почетници без претходно искуство, додека други се наменети за професионалци со одредено познавање во областа. Изберете ја обуката која одговара на вашето ниво на знаење.
04Како можам да се пријавам за обуките?
Создадете бесплатна сметка на страницата Регистрација (потребна е е-пошта со домен .mk), потоа изберете обука и започнете ја.
05Дали учеството на обуките е бесплатно?
Да. Сите обуки се целосно бесплатни.
06Како да проверам дали сертификатот е валиден?
Секој сертификат има единствен ID код. Внесете го на страницата Верификација за да ја потврдите неговата валидност.
07Кои се придобивките од обуките?
Обуките ќе ви помогнат да ги заштитите вашите дигитални информации, да ги препознаете потенцијалните закани и да примените ефективни безбедносни мерки.