Опис на обуката
Оваа обука е наменета за сите кои сакаат да го збогатат своето знаење за откривање, анализа и управување со безбедносни инциденти и сајбер напади. Преку оваа обука, учесниците ќе научат како да ги препознаат различните типови на напаѓачи и напади, кои системи за детекција и алатки се користат за рано откривање на заканите и сл. Во обуката се опфатени и различни типови на инциденти, сценарио и примери во кои се опфатени сајбер напади и инциденти како и најдобрите практики за брзо и ефикасно реагирање. По завршувањето на обуката, учесниците ќе бидат подготвени да ги детектираат безбедносните инциденти, да се справуваат со сајбер напади и да преземат мерки за минимизирање на ризиците.
Цели на обуката
- Да се стекне знаење за различните типови напаѓачи и сајбер напади.
- Да се научат процесите и техниките за откривање на безбедносни инциденти и сајбер напади.
- Да се развијат вештини за детекција и класификација на инциденти со помош на соодветни системи.
- Да се разјасни како да се реагира на различни видови инциденти преку разгледување на сценарија и примери од реалниот живот.