Електронско банкарство и заштита на финансиски информации

Моментален статус
Незапишан
Цена
Бесплатно

Опис на обуката

Оваа обука нуди преглед на дигиталните финансиски услуги и најдобрите практики за заштита на вашите лични и финансиски податоци во онлајн средина. Преку оваа обука, учесниците ќе се запознаат со најчесто користените дигитални производи и услуги, како што се интернет банкарство, мобилни апликации за плаќање и дигитални паричници. Главен акцент ќе биде ставен на безбедноста при користење на овие платформи, особено платформите за онлајн купување и плаќање. Обуката ќе овозможи конкретни препораки за превенција од измами и напади врз лични податоци, како и стратегии за безбедност при обработка на финансиски трансакциипреку интернет.

Цели на обуката

  • Да се стекне длабоко разбирање за дигиталните финансиски услуги и производи.
  • Да се развијат вештини за заштита на финансиски информации при користење на е-банкарство и онлајн плаќање.
  • Да се научат стратегии за сигурност при онлајн купување и користење на дигитални паричници и апликации.
  • Да се разјаснат најдобрите практики за заштита од измами, фишинг напади и други онлајн ризици.