Почитувани,

Ве известуваме дека на порталот lms.mkd-cirt.mk е воведена најава со два фактори.

Постојните регистрирани корисници при прва најава ќе бидат пренасочени на страницата за уредување на својот кориснички профил со поле за задолжителен венс на еднократен код што ќе им биде испратен на адресата за е-пошта што корисникот ја внел при регистрацијата на порталот.Проверете ја вашата е-пошта во делот Inbox и дополнително во делот Spam/Junk за порака со код испратена од lms.mkd-cirt.mk.

По успешен внес на валиде код, од страницата изберете ја врската за почетната страница на порталот од горен лев агол на прозорецот од прелистувачот.

При секоја следна најава, по внес на корисничкото име и лозинката задолжително се внесува и новиот код кој ќе ви биде моментално испратен на регистрираната адреса за е-пошта.

ДОколку имате прашања, контактирајте не на contact@mkd-cirt.mk или 02 3091232.

Со почит,

Агенција за електронски комуникации, Национален центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT